Антонио Бандерас во улога на Феручо Ламборгини

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот шпански актер Антонио Бандерас ќе ја толкува улогата на Феручи Ламборгини во биографскиот филм за основачот на познатата автомобилска марка Lamborghini.

Овој биографски филм е заснован на книгата „Феручо Ламборгини, официјална приказна“ што ја напиша Тонино Ламборгини, син на основачот и сопственикот на компанијата.

Засега нема детали околу почетокот на снимањето и премиерата. На актерската екипа ќе и се приклучи и Алек Болдвин, кој ќе се појави во улогата на Енцо Ферари, ривалот на Феручи, пишува магазинот „Варајети“.

Најавени се и два филма за основачот на Ferrari, каде главните улогите на Енцо Ферари би требало да ги толку Хју Џекман и Роберт де Ниро.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK