Новите модели на Ford во иднина ќе бидат опремени со биометриски сензори, потврди главниот шеф на Ford, Марк Филдс. Компанијата е во интензивни преговори со компанијата flex, која е позната по производство на сензори што секојдневно се носат и служат за следење на дневните и телесни активности. Најпознат производ им е FitBit.
Задачата на биометриските сензори ќе биде следење на состојбата на возачите, од неговата температура и бројот на отчукувања на срцето, па се до детекција на будноста на возачот.
Идејата е, доколку системот забележи дека возачот не е во состојба да управува со возилото, особено во ерата на самоуправуваните возила, или самото безбедно да го сопре автомобилот или да го однесе до најблиската болница.
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/06/viber.png)
Следете не и на:
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/facebook-1.png)
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/instagram-1.png)
[Fancy_Facebook_Comments]