Макпетрол jа поздравува Одлуката за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со дизел горивото

ОБЈАВЕНО НА:

Со изедначување на акцизата ќе запрат злоупотребите кои се прават со екстра лесното гориво, со што ќе почне да се користат поквалитетни горива, кои директно ќе влијаат врз намалување на загадувањето на воздухот

Одлуката за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизaта на дизел горивото е во интерес на сите, граѓаните, државата и трговците со нафта и нафтени деривати, се вели во соопштението на Макпетрол АД.

Со изедначување на акцизата ќе запрат злоупотребите кои се прават со екстра лесното гориво, со што ќе почне да се користат поквалитетни горива, кои директно ќе влијаат врз намалување на загадувањето на воздухот, а, исто така, ќе донесе поголеми приходи во државниот буџет, што е битно во овие моменти на економска нестабилност, предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19.

Се надеваме дека пред истекот на важноста на оваа одлука, новиот собраниски состав ќе направи и измени во Законот за акцизи и еднаш засекогаш ќе се реши овој проблем, се вели во соопштението.

Во целост ги подржуваме државните институции во носењето на вакви одлуки кои се во интерес на државата и граѓаните.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK