Ford влезе во Гинис: Постави најголем билборд во Мадрид (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford доби официјално признание од страна на GUINNESS WORLD RECORDS, откако во Мадрид на Espana Building, беше поставен најголемиот билборд на светот. Со зафатнитна од 5265 квадратни метри, која е рамна на 20 терени за тенис и тежина од два тона, рекордниот билборд кој е поставен се однесува на СУВ моделот EcoSport и е со 241,93 квадратни метри поголем од претходното постигнување регистрирано од страна на Гинисовата книга на рекорди.

Гигантскиот билборд ќе остане на местото до крајот на месецот, а потоа ќе биде подарен на центарот Apascovi Foundation кој ќе ги користи материјалите од него за нова употреба.

Основен акцент при FORD ECOSPORT се неговиот подинамичен стил, целосно новиот 1,5 литарски EcoBlue дизел мотор, интелигентен систем за придвижување на четирите тркала, вклучени можности за персонализација на екстериерот и ентериерот, како и воведување на целосно ново ниво на исполнување на моделот EcoSport ST-Line.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK