Средношколец без возачка искрши Chevrolet Corvette C7 Stingray (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ученик во средно училиште од рускиот град Tула предизвика тешка сообраќајна несреќа при која настрада возачот на Renault Fluence. Младиот Русин брзал за матура со Chevrolet Corvette C7 Stingray и се судрил со францускиот автомобил.

На снимка од инцидентот се гледа како возачот на Renault Fluence врти пред америкaнското купе, но очигледно ја преценува брзината. Следува удар при кој возилото Chevrolet Corvette удира во блиската зграда и за вистинско чудо е избегната повреда на маж и жена.

Средношколецот наполнил 18 години во април, а тврдел дека спортското возило го купил од сопствени пари заработине од видео блогерство. Возилото го купил на старо, а за него платил 60.900 евра.

Момчето се вика Вилен Фадеев, а тврди дека возел со брзина од 75 км/ч, но не забележал дека возачот во Renault нема да го пропушти. Признава дека е свесен дека управувал без возачка дозвола и изјавува дека ќе ја плати казната која изнесува од 67 до 203 евра. За разлика од него возачот во другото возило завршил во болница.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK