Осигурителна компанија ги подготвуваа за продажба… Изгореа 40 автомобили (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во Индијанаполис во САД се случи голем пожар на паркинг за користени автомобили, кои биле подготвени за продажба на аукција од голема осигурителна компанија. Огнот предизвика огромна штета и целосно уништи дури 40 возила. Во целата ситуација за среќа нема поредени или загинати.

За да се изгасне пожарот биле потрени околу два часа, во целиот хаос поѓарникарите успеале да спасат дел од автомобилите. Сепак, меѓу возилата кои биле зафатени од пожарот и уништени имало Сhryslеr 200, четврта генерција на минивaн Сhryslеr, нoвa Kiа Sоul, Jееp Rеnеgаdе и Mеrсеdеs-Bеnz Е-Klаssе.  Според медиумите од САД пожарот избил како последица од удар на гром.

Годинава ова е втор случај на пожар во место каде што има поголем број на возила. Пред неколку месеци се запали музејот на мотоцикли Tоp Mоuntаin Сrоsspоint во Австрија, кој се наоѓа високо на планина. Огнот уништи 230 ретки примероци на мотоцикли.

Tоp Mоuntаin Сrоsspоint ce смета за највисокиот планиниски музеј во Европа. Се наоѓа на надморска висина од 2.175 метри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK