Азербејџан има национално возило

ОБЈАВЕНО НА:

На претстојниот саем за автомобили во Москва кој започна на 29 август и ќе трае се до 9 септември светска премиера имаше и првиот национален производител на Азербејџан, Khazar.

Во косопствеништво на оваа компанија е најголемиот ирански производител Iran Khodro кој има големо искуство со производство на неколку модели на Peugeot и Renault, а годишниот капацитет на фабриката во Азербејџан изнесува 10 илјади автомобили. Сите овие автомобили ќе биддат на наменети за пазарот во Азербејџан, но и околните земји како Ерменија, Грузија, Казахстан и Русија.

Овој национален бренд е основан на 24 септември 2017 година, а главен иницијатор на овој проект е азербејџанскиот претседател Aлијев. Производството го спроведува националната компанија NAP (Nakhchivan Automobile Plant), во чија фабрика во минатото се произведуваа повеќе модели од кинексиот производител Lifan.

Прикажаниот седан Khazar SD се базира на старата платформа на Peugeot 405 и опремен е со 1.6 литарски бензински мотор со 115 КС. Достапен ќе биде и во комбинација на 1.6 литарски мотор со 150 КС. Засега не е позната продажната цена, а она што се знае е дека во продажба ќе се појави во текот на следната година.