Samsung со специјална серија на S23 посветана на BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Samsung ќе ги израдува фановите на BMW во Кореја и заедно со локалниот SK Telecom ќе понуди ограничена едиција на својот најнов смартфон, наречен Galaxy S23 Ultra BMW M Edition.

Специјалната линија на уреди му оддава почит на еден од најпопуларните модели М, и неговата прва генерација од 1986 година и последната генерација на G80.

Смартфоните пристигнуваат во специјална кутија во форма на E30 M3, а под капакот може да го најдеме смартфонот, заедно со тврдо куќиште со формите на решетка на актуелниот M3. Заедно со смартфонот добивате и привезок со седум различни амблеми од последните 50 години.

Додатоци вклучуваат и часовник, метална буква „М“, историска фотографија на BMW, постер и мала пумпа. Смартфонот пристигнува и претходно инсталиран со апликацијата BMW Vantage, која овозможува пристап до различни настани на BMW. Секој што ќе го купи уредот добива и ваучер за BMW Driving Centre.

Нарачките ќе се примаат до 13 февруари или додека траат достапните 1.000 единици.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK