Honda до 2025 со целосно електрифицирана понуда

ОБЈАВЕНО НА:

Honda има големи амбиции кога се во прашање електричните автомобили, па така во рамките на саемот за автомобили во Женева официјални лица на компанијата најавија дека до 2025 година сите автомобили во понудата во Европа ќе бидат електрифицирани.

“Ова е значаен потег за Honda” изјави Том Гарднер, претседателот на Honda Motor Europe кој додаде дека интенцијата на јапонскиот производител е да биде лидер во поглед на иновациите во автомобилската индустрија.

Според планот, до 2025 година од вкупната продажба во Европа се очекува две третини да припаѓаат на електричните автомобили што доволно говори за фокусот што овој производител ќе ја има на електрификацијата.

Двигател на елекрификацијата на понудата на Honda треба да биде e-Prototype, малиот градски електричен автомобил претставен во рамките на саемот во Женева кој има можност и до 200 км автономија со едно полнење на батеријата чиј капацитет се полни во целост за нешто повеќе од 30 минути.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK