Punch Moto – белоруска понуда за електро мотоцикл (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Главниот град на Белорусија, Минск има голема историја во мотоциклизмот, а таа е од периодот кога оваа земја беше дел од Советскиот сојуз. Во времето после Втората светска војна градот станува дом на фабриката за производство на мотоцикли и велосипеди. Ова се случило во 1951 година и истата фабрика работи и денес.

Мотоциклите Минск познати се одамна на Балканот, а сè се многу популарни и во Виетнам каде што луѓето ги ценат поара сериозната издржливот надвор од нормалните патишта. Новитетот е електромотоциклот Punch Moto, кој сосема ненадејно се појави на Фејсбук. Станува збор за практичен и скромен мотоцикл на струја со уникатен изглед.

Стартапот Punch е развиен со сопствен електромотор и моќност од 15 кВт и врв од 25 кВт (20/33 коњски сили). Мотоциклоот е идеален за едноставни градски патувања, кои се корисни повеќе во секојдневието отколку со другите скутери-бензинци.

Максималнта брзина е 120 км/ч, а има и друга верзија која е ограничена до 11 кВт (15 коњски сили) моќност и максимална брзина од 105 км/ч. Батериите лесно се појавуваат на страната на моторот со механизам за брзо ослободување така што лесно може да се извадат и да се наполнат дома на погодно место.

https://www.facebook.com/PUNCHmotorcycles/videos/2657219301206288/

Punch го нарекуваат дизајнот на машината „супрематичен дизајн, фокусиран на побарувачката на генерацијата Z за уникатен визуелен јазик“ и „без имитација и декорирање“.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK