Станица каде наместо полнење батерии на возилата се менуваат со полни!

ОБЈАВЕНО НА:

Една од големите компании за производство на електромобили од Кина, ја покажа втората генерација на специјалната станица за смена на батерии на автомобили на струја. Проектот е вкупен развој на NIО и Sinоpес.

Станицата е инсталирана во Пекинг и за момент е единствената од таков тип, но од компанијата планираат да го прошират својот опсег и заедно со Sinоpес дa изградат над 5.000 слични станици во Кина.

Според податоците од производителот, станицата може да изврши до 312 промени на батерии на ден, со над 230 сензори кои се грижат сите собрани информации да одат во четири облаци.

Ова е од голем интерес за поголемиот дел од клиентите, кои можат да ја користат функцијата, која освен смена на батеријата, нуди и автоматско паркирње во станицата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK