Чудна стратегија – со секое продадено возило губат 20.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот магазин за автомобилизам MotorTrend објави интересна информација поврзана со моделот Corvette 8 на Chevrolet. Американскиот производител General Motors за секој продаден C8 од основната верзија ќе губи невееројатни 20 илјади долари.

Во моментов, најевтината верзија за овој модел изнесува 59.995 американски долари што е далеку помалку во однос на очекуваната продажна цена. Стратегијата е крајно нејасна, а од GM наведуваат дека загубите во овој период ќе ги покријат во наредните години кога почетната цена скалесто ќе се зголемува.

Се очекува да и овие загуби се покријат со големата маржа поставена кај верзиите со поголемо ниво на опременост.