Peugeot направи велосипед за мрзливи (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Луѓето коишто сакаат да го скратат времето од паркинг до работното место и обратно или не сакаат да користат градски транспорт имаат ново решение, а тоа се вика Peugeot eF01. Се работи за велосипед на електропогон, кој претставува одлично решение за корисниците.

Peugeot eF01 е веќе вклучен на пазарот во Франција, а е навистина функционален и овозможува лесна употреба со оглед на тоа што е потребно време помало од десет секунди за да биде спакуван или распакуван. Тежи 18 килограми, а може да развие брзина од 20 километри на час. Има литиум-јонска батерија која гарантира движена до 30 километри.

Полнењето на батеријата може да се врши додека автомобилот е во движење, а потребно е само да има електричен полнач (12v) во просторот за багаж.

Електронскиот велосипед на Пежо е снабден со дискови кочници, посебен систем за паметење на позицијата на седиштето, а со помош на Bluetooth врска возачот може постојано да има увид каква е ситуацијата на батеријата.