Од денеска зонското паркирање со ново работно време

ОБЈАВЕНО НА:

Паркирањето во центарот на градот и зоните кои се одредени како паркиралишта од денеска па во следните месеци ќе биде пократко. Тоа значи дека подолго време ќе биде бесплатно. Но, само за зоните А, Б и Ц. Зоната Д останува со истото работно време

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од денеска (01.10.2018 година, понеделник) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П Градски паркинг – Скопје.

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;
– Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, односно:- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

За жал цените остануваат исти, нема намалување. И со среќа при барање слободно паркинг место.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK