Toyota треба да постигне целосна јаглеродна неутралност во Европа до 2040 година.

ОБЈАВЕНО НА:

Говорејќи на годишниот настан на Toyota Motor Europe во Кеншики, директорите на компанијата изјавија дека производителот на автомобили има цел да постигне 100 отсто намалување на емисиите на CO2 во сите нови возила што се продаваат во Европската унија, Велика Британија и ЕФТА (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, и Швајцарија) до 2035 година.

Toyota исто така, ќе ги направи сите свои европски производни капацитети јаглеродno неутрални до 2030 година со минимизирање на потрошувачката на енергија секогаш кога е можно, со префрлање на зелена енергија и имплементирање на мноштво иновации за намалување на CO2 или целосно елиминирање.

За разлика од многу од нејзините ривали кои спроведуваат стратегии за целосно електрични возила, Toyota спроведува мулти-технолошка стратегија која „ги препознава комплементарните придобивки и од возилата на батерии и од оние што работат на водород за мобилност со нула емисија“.
Се додава дека најдобро е да се користи комбинација од електрични возила со батерии, plagin хибридни и хибридни возила за да се намалат емисиите на CO2 во текот на следните 10-15 години поради тековниот недостиг и високите трошоци за материјалите на батериите, како и поради недостаток на соодветна инфраструктура.

Toyota го искористи примерот на својата локација во Дисајд во Обединетото Кралство за тоа како ќе постигне јаглеродна неутралност во своите европски производствени капацитети до 2030 година. Фабриката Дисајд има инсталирано соларни панели еквивалентни на 10 фудбалски терени и 90 отсто од нејзиниот отпад се користи да генерира зелена енергија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK