Што мислат возачите за системите за помош?

ОБЈАВЕНО НА:

Системите за асистирање на возачот се замислени како средства за спасување на самите возачи. Сепак, кои од овие дигитални помошници се познати и колку се искористени? И колку возачите ги сметаат практично за корисни овие системи?

За таа цел компанијата за истражување на пазарот на мислење „Forsa“ направи анкета, која треба да се вклучи во извештајот за безбедност во сообраќајот на Dekra за 2021 година со име „Мобилност во напредната возраст“ со некои интересни резултати.

Дури 83 проценти од анкетираните во сите возрасни групи сметаат дека постојните системи за помош на возачот се многу добри или добри (мажи: 87 проценти, жени: 77 проценти). Кај мажите на возраст меѓу 18 и 44 години позитивната оценка е највисоката – 94 проценти. Во возрасната група 65+, таа е 81 процен за мажите и 70 проценти за жените.

Најчесто користениот систем е за помош при паркирање (75 проценти), а е следен од асистентот за автоматска замена на кратките со долгите светла (42 проценти), предупредувањето за напуштање на лентата (38 процнети), адаптивна круз контрола (35 процнети) и системот за препознавање на сообраќајни знаци (30 проценти). Степенот на употреба на овие системи е значително повисок кај мажите отколку кај жените.

Сите системи за помош се проценуваат со јавно мнозинство. Тоа важи особено за асистентот за набљудување на слепите места околу автомобилот или асистентот а предупредување за напуштање на лентата на движење (93 проценти) и за системот за помош при паркирање (91 процент). Слична предност се наоѓа кај асистентот за запирање во итни случаи (88 процнети) и адаптивна круз контрола (85 проценти), кои се сметаат за многу покорисни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK