Откажани F1 и MotoGP трките во Австралија

ОБЈАВЕНО НА:

Австралија останува без две популарни трки од авто-мото шампионатот годинава. Владата на оваа земја и официјално потврди дека е невозможно во оваа земја да се организираат овие две трки.

Причините се повеќе од познати и произлегуваат од последно воведените безбедносни и здравствени мерки кои имаат за цел да го спречат ширењето на делта сојот на коронавирусот. Поради тоа на сила се воведени и карантински протоколи.

“Жал ни е, но немавме друго решение. Не е возможно да ставиме во карантин преку 1.600 лица кои се поврзани со трката во Формула 1 шампионатот. Истото се однесува и за МотоГП шампионатот” изјави Мартин Пакула,министер за спорт и туризам во Владата на Викторија, сојузна држава во Австралија.

Трката во Формула 1 шампионатот требаше да се одржи во Мелбурн во ноември додека онаа во Мото ГП беше закажана месец порано, октомври.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK