Volkswagen најпродаван бренд во Германија во јуни

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen и натаму продолжува да владее со домашниот германски пазар. Овој бренд во јуни успеа да испорача 57.159 нови автомобили на германскиот пазар што е за 23,9% повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

Со ова, уделот на овој производител во вкупната продажба во јуни изнесува 20,8% од вкупно испорачаните 274.152 нови автомобили. Во апсолутни бројки, втор бренд со најголема продажба е BMW со продадени 21.847 нови автмобили, а на третата позиција следи Audi со продадени 20.124 примероци.

Процентуално, најголем пораст во јуни годинава во споредба со јуни минатата година има остварено Smart и тоа од 359,3%, Tesla со плус од 169,8% и Opel кој оствари зголемување на продажбата од 39,3%. Од друга страна само Dacia, DS, Ford, Honda, Jaguar, Lexus, Mercedes и Mitsubishi имаат остварено пад на продажбата.

Она што е забележително е растот на продажбата на целосно електрични автомобили за цели 312% со што минатиот месец се продадени 33.420 целосно електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK