Нов проблем за автомобилската индустрија – сега недостасува гума

ОБЈАВЕНО НА:

Со месеци производителите на автомобили мака мачат во набавката на чипови. Глобалниот недостаток на овој круцијален компонент придонесе да многу производители привремено ги затворат фабриките.

И кога сите мислат како да се справат со овој голем проблем, автомобилската индустрија се соочува со уште еден, нов – недостаток на гуми и производи од гума.

Поради големите поплави и неколкуте пожари, големите производители на гума како Виетнам и Тајланд не се во можност без проблеми да го произведуваат овој материјал, па оттука не може да излезат во пресрет на глобалната побарувачка. Блумберг пренесува и дека Кина т.е. кинеските компании започнаа да купуваат гума од националните резерви на Кина кои Владата на оваа земја ги отвори за домашните компании.

Во САД цената на гумата достигна рекордно ниво последните години, па така сега се продава по 2 долари за килограм. Извршниот директор на Halycon Agri Corp, една од најголемите компании за гума во САД, Роберт Мејер, верува дека цената ќе продолжи да расте и да го достигне нивото од 5 долари за килограм.

Недостатокот и поскапувањето на овој материјал може да резултира со привремено затворање на некои од фабриките за автомобили, но сигурно и зголемување на цената на новите автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK