Рекорден февруари на возила – увезени 3.627 возила!

ОБЈАВЕНО НА:

Во февруари годинава во Македонија се увезени рекордни 3.627 возила, покажуваат официјалните податоци за бројот на увезени возила објавени од страна на Царинската управа на Македонија.

Најголем дел од оваа бројка припаѓа на половните возила – 2.825 возила. За споредба во февруари минатата година се увезени вкупно 2.804 возила, а 1.950 од нив биле половни. Пад во однос на вториот месец минатата година е забележан кај новите патнички автомобили. Така годинава се увзени 453 односно 107 помалку во однос на февруари минатата година.

Останатите бројки се однесуваат на товарните моторни возила и тоа 41 ново и 289 половно како и автобуси и минибуси, вкупно 19.

Со овие бројки февруари 2021 година е најдобриот февруари од 2009 година па се до денес. Голема причина за ваквите бројки има и можноста за регистрација на возила кој веќе претходно беа увезени со далеку помали давачки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK