Чeстопати гледаме оглaси на интернет за перење на мотори и зa тоa како е тоа нaјдобра опција за освеживање на моторот на автомобилот. Сепак, експерите предупредуваат дека е тоа најлошото нешто што можете да му го направите на вашиот автомобил.
Ова особено важи за моторите на новите автомобили кои располагаат со нова технологија. Оттука користењето на најразлични средствa за одмастување и воден млаз може сериозно да наштети на електронскиот систем на вбризгување, системот на стартување и други сензори.
Новите системи кои се дел од современите мотори се осетливи на влага, оксидација и било какви детергенти за перење на мотор.
Ова не важи за моторите од старата генерација односно со стара технологија. Оттука потребно е да се користат проверени и сертифицирани средства исклучиво за таа намена, но по перењето потребно е да се исушат добро површните елементи на моторот.
И на крајот, ако не морате вие самите да го правите, тоа доверете го на професионалци кои се обучени и искусни за таа работа.