Како што се најавуваше уште од минатата година, јужноамериканската дивизија на Fiat го ја претстави новата генерација од моделот Strada.
Производството веќе е започнато во фабриката на Fiat во близина на бразилскиот град Бетим.
Во понудата со 1,3 литарски Firefly мотор со 109 КС, а тука е и Fire EVO моторот со 88 КС. Во понудата се наоѓа и 1,0 литарскиот Firefly турбо мотор со 120 КС. Купувачите исто така може да одбираат помеѓу автоматски и мануелен менувач.
Инаку овој модел за прв пат започна да се произведува во далечната 1996 година. Првичниот дизајн е дело на Џорџето Џуџаро, а покрај во Бразил се произведуваше и во фабриката на Nissan во Јужна Африка. Од 2007 година па се до минатата се продадени повеќе од 2 милиони примероци.