До крајот на годинава и водородни станици во Бугарија

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај планот за зголемување на бројот на станици за полнење на електромобилите, до крајот на 2020 година во Бугарија треба да бидат изградени и првите станици за полнење на автомобилите со водород. Се очекува до 2030 година бројката да стигне до 50. Тоа е најавено во проектот за услови и ред за проектирање, градење, воведување во експлоатација и контрола на станици за полнење на автомобитлите со водород.

Во моментов недостигаат регулативи, кои ги определуваат потребите за проектирањето, исполнувњето, контролата и пуштање во употреба на места за полнење со водород. Ова гориво е меѓу алтернативните варијанти со потенцијал за долгорочна замена на нафтата. Голем број на европски проценки покажуваат позитивна економска состојба за развој на алтернативнта инфраструктура за гориво сè уште не е креирана за давателите на инфраструктура за градење на станици за полнење со водород.

Во исто време Европската унија се согласи на обврзувачки цели за учество на обновливите извори на енергија за транспортни горива (10 % до 2020 година) и за намалување на интензитетотна емисиите на CO2 од автомобилските горива (со 6 % до 2020 година). Објавеното намалување во Белата книга со 60% на емисиите на CO2 до 2050 година бара и значителен подем на користењето на алтернативни горива.

Во тој поглед регулативата е во согласност со прогнозите за пазарниот равој на европско и национално ниво. При разработување на проектот е следена водородната мобилност врз добрите практики во Европа, Калифорнија и Канада.

Според оптимистичката прогноза на Индустрискиот кластер на електромобилите за распоредување на инфраструктурата на полнење со водород со оглед на влезот во Бугарија на возила кои се движат на водород до 2020 година во земјата би требало да бидат изградени четири станици за полнење. До 2025 година бројката треба да биде десет, а до 2030 година дури 50.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK