Повикот за сервис за моделот Volvo V70 се однесува на проблеми со безбедносниот ремен. Поради тоа постои можност од зголемен ризик за повреди во случај на несреќа.
Во објаснувањето на Европската комисија каде е запишан проблемот се вели дека „ затегнувачката цврстина на челикот на кабелот за прицврстување на безбедносниот ремен може да се намали со текот на времето.
Како резултат на тоа, заштитниот / задржувачкиот ефект на безбедносните ремени може да се намали, зголемувајќи го ризикот од повреди во случај на несреќа“.
Моделите Volvo V70 погодени од ова повлекување се произведени меѓу 2007 – 2016 година.
Volvo recall code: R10029
Source: Rapex Alert 28/2020 A12/00990/20

Следете не и на:

