Ништо од новиот Golf во Франкфурт!

ОБЈАВЕНО НА:

Сагата поврзана со премиерата на новата генерација на Golf никако да заврши.

Германскиот производител ги разочара сите вљубеници во овој легендарен модел откако објави дека на претстојниот саем на автомобили во Франкфурт нема да ја претстави новата, осма генерација на Golf.

“Новиот Golf нема да биде претставен на ИАА, ќе има друг настан набрзо” изјави портпаролог на Volkswagen. Оттука може да се заклучи дека премиерата овој модел нема да ја има на саем туку на специјален настан кој најверојатно ќе се одржи до крајот на оваа календарска година.

Веќе подолго време на интернет се појавуваат најразлични фотографии од тестирањето на овој модел, но досега не е објавена ниту една “гола” фотографија од овој Golf.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK