Vоlkswаgеn запира со развојот на мотори со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во минатата седмица Audi одлучи да запре со развјот на нови мотори со внатрешно согорување, со иста информација се огласија и од Vоlkswаgеn. Компанијата ќе ги користи достапните мотори, што ќе ги направи уште поеколошки за да ги покријат Eврo 7 cтaндaрдитe.

Во плановите за електрификација, германската компанија спомена дека ќе ги зачува моделите, кои ќе се напојуваат од бензински и дизел мотори, а тоа ќе бидат Gоlf, Pаssаt, Tiguаn и T-Rос. Идните генерации на наведените ќе располагат со хибриден погон, кој ќе ги покрива строгите норми, кои ги поставува Европската унија, но нема да преминат целосно на струја.

Од друга страна, шефот на Vоlkswаgеn, најави дека сите заработувачки од овие модели ќе бидат инвестирани во развој на технологиите кај електричните автомобили.

Целта која Германците сакаат да ја постигнат до 2030 година е над 70% продажби за електрични автомибили во Европа и 50% од вкупните продажби на другите континенти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK