Volkswagen регистрираше пет нови имиња за своите идни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen регистрира пет нови имиња на модели. Тие ќе ги одбележат новите кросовери, теренци и пикапи на брендот – вклучувајќи ги и електричните. Компанијата има регистрирано во германската канцеларија за патенти неколку трговски имиња кои најверојатно ќе важат за идните модели на марката – тоа се Tivas, Tyber, Therion, Teria, Tarokko и Taroko.

И експертите веднаш се обидоа да најдат објаснување за сите, што е малку чудно, но интересно. Во исто време, бидејќи сите зборови започнуваат со буквата „Т“, најверојатно зборуваме за кросовери и теренци. Volkswagen има многу примери, од Tiguan и Touareg до Taos, Taigo, Tharu, T-Roc и T-Cross.

На пример, Tarokkо и Taroko може да се однесуваат на концептот „Tarok“ од 2018 година или Националниот парк Тарок во Тајван, чие име се преведува како „убаво“ на локалниот јазик.

Кратките имиња Tivas, Tyber и Theria ќе одговараат на нешто компактно. Последново на австриски значи „слобода и радост“. Најагресивното име е Therion. Ова е името на примитивен предатор, митски ѕвер.

Самата регистрација не значи дека со сигурност тие имиња ќе бидат употребени за некое ново возило. Едноставно компанијата сака тие имиња да ги заштити и да може потоа ако реши да ги користи. Но, самиот факт што се регистрирани укажуваат на намерите да има нови возила. А за имињата, потоа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK