Во позадина на кризата – Volvo со рекордни продажби во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Во ситуација на исклучително тешката и нестабилна глобална здравствена и економска состојба низ светот, во позадина на сето ова американскиот дел на Volvo објави дека брендот отчита рекордни продажби за последните 14 години во јуни.

Реализацијата на Volvo во изминатиот месец во САД достигна ниво од 10.385 автомобили, што претставува најдобро постигнување за месец јуни од 2006 година и е за 4,5% подобар резултат во споредба со јуни 2019.

Дури 83% од реализираните автомобили на Volvo во САД во изминатиот месец биле претставници на СУВ семејството ХС на брендот. Рекордна побарувачка за историјата отчитува компактното XC40, со оглед на тоа што продажбите се подобрија и за 61% во однос на јуни минатата година. Со 2,1 процент пораст може да се пофали и XC60.

Продажбите на Volvo во САД од почетокот на годината се на ниво од само 13,7 проенти под оние од истиот период во 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK