VinFast започнува со продажба во 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот виетнамски национален производител на автомобили, VinFast ќе започне со продажба на своите автомобили во текот на 2021 година. Ова го потврди Фан Нат Вуонг, сопственикот на овој бренд, а воедно и најбогатиот човек во Виетнам.

“Нашата крајна цел е да создадеме интернационален бренд” изјави Вуонг на прес конференција која се одржа во седиштето на компанијата во Ханој.

VinFast веќе ги претстави двата модели на саемот во Париз. Станува збор за седанскиот модел со назнака LUX A2.0 како и SUV моделот кој ќе го носи називот LUX SA2.0.

Инаку брендот VinFast е во сопственост VinGroup корпорацијата која е во 100% виетнамска опственост. Производствените капацитети интензивно се градат во северниот град Хаи Фонг, а оваа фабрика ќе биде најголемата фабрика за автомобили во овој дел од светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK