За пет години: Продадени над 2 милиони електрични возила во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Бројот на електрични возила на патиштата достигна речиси 2 милиони во 2016 година, и тоа за период од пет години, според податоците на Мешународната агенција за енергија. А пред пет години таа бројка беше нула.

Ново регистрираните електрични возила и плаг-ин е зголемено за 60 отсто во 2016 во однос на претходната година. И покрај силното зголемување, учеството на електричните возила се уште е само 0,2 отсто од вкупниот број на возила во светот.

Електричните возила засега се продаваат во ограничен број на земји, а во светски рамки продажбата најмногу е лоцирана во десет земји – Кина, САД, Јапонија, Канада, Норвешка, В.Британија, Франција, Германија, Холандија и Шведска. Во овие земји продажбата е 95 отсто од вкупната во светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK