VW ја почна кампањата во САД за новиот Atlas

ОБЈАВЕНО НА:

Имиџот на Volkswagen во САД ќе може да се подобри само доколку Германците ги уверат купувачите дека нивните производи се навистина добри, и се разбира со понуда на нови и понапредни модели. Токму во таа насока компанијата ја почна и кампањата на новото семејно возило со седум седишта Atlas.

Дури 8 рекламни спотови се подготвени на почетокот на кампањата, и тоа е приказна за три генерации во семејството низ патување на државата.

Во секој спот се истакнува некоја од особините на возилото, како 4Motion погон на сите тркала, панорамскиот покрив, дигиталнио ткокпит, лесното влегување на третиот ред седишта или мониторингот на пешаците.

Се користи семејство во кое има три генерации, патувајќи низ САД потсетувајќи на разноликоста на државата и нејзините предели.
Возилото се произведува во Тенеси каде VW неодамна инвестираше дополнителни 900 милиони долари.

Рекламните видеа се со различна должина од 90 секунди, па се до најкратките од 15 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK