Новата генерација на најпродаваниот Mercedes – Пристигна C-Class

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes ги објави официјалните снимки и информации за новата генерација на моделот C-Class, модел чија генерација е на пазарот од 2014 година и досега се продадени повеќе од 2,5 милиони возила. Mercedes C-Class зад себе има над 10,5 милиона реализирани единици од 1982 година кога првпат се појави на пазарот. Сакаше да понуди новини во дизајнот, внатрешниот простор, интегрираните технологии, сигурноста и комфорт.

Сега конкуренцијата станува поголема, особено ако размислувате дали би купиле BMW 3, Audi A4 или можеби Lexus IS. Се разбира ќе решаваат деталите, но и она што повеќе ви се допаѓа.

Новата генерација на Mercedes C-Class, како резултат на понатамошнaта стратегија за електрификација на портфолиото, ќе користи само четирицилиндрични мотори во гамата на автомобилите.

Новата C-Class е поголема во секој аспект. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 2,54 см. со што на патниците на задните седишта им дава дополнителен простор од 2 см. Просторот за главата е зголемен позади за 1,5 см. и има повеќе простор за рамењата и лактите кај предните седишта.
Сега C-Class е долга 468 см., широка е 186 см., а висока е 174 см. Тоа е за 6,35 см. подолго од претходната генерација, и 1 см поширока. Единствено во височина сега C-Class е намалена, и тоа за 1 см.

Mercedes C-Class 2021

Новата C-Class е поголема во секој аспект. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 2,54 см. со што на патниците на задните седишта им дава дополнителен простор од 2 см. Просторот за главата е зголемен позади за 1,5 см. и има повеќе простор за рамењата и лактите кај предните седишта.

Во бензинската понуда на автомобилот може да се добие верзија на C180, C200, C200 4MATIC, C300 и C300 4MATIC, и максималната моќност варира од 170 до 258 конски сили. Топ верзијата овозможува забрзување до 100 км/ч. за 6 секунди. Дизелските варијанти се две, C220d и C300d, со максимални моќности од 200 и 265 конски сили, и 440 и 550 Нм.

Новата генерација на Mercedes C-Class ќе има и плаг-ин хибридсо електромотор од 129 коњски сили и автономност во чисто електричен режим од околку 100 километри (WLTP метода). Од компанијата потенцијаат наскоро ќе лансираат и плаг-ин хибридни верзии со дизелски мотор.

Благодарение на системите за безбедност новата C-Class ќе ви помогнат да ја зголемите безбедност со подобрените системи како Active Distance Assist DISTRONIC, Active Steering Assist, интелегентен паркинг асистент, системот за осветлување DIGITAL LIGHT.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK