Volkswagen за две години ќе покрене бренд што ќе биде ривал на Dacia

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од 2012 година Volkswagen навести дека има намера да создаде нискобуџетен бренд, но тогаш беше одложено донесувањето на одлука. Сега тоа прашање е повторно актуелно, но и дадено зелено светло за нов бренд во семејството.

Шефовите на компанијата за Аутоекспрес потврдиле дека новиот бренд ќе биде промовиран во Кина во рок од две години. Потоа истиот ќе се продава во Индија, Бразил и Мексико.

Партнерот на Volkswagen во Кина, компанијата FAW ќе помогне во развојот и производството на првото возило што се очекува да биде мала лимузина и среден по големина СУВ . Двете возила ќе ја користат PQ шасијата на Golf Mk6 и некои компоненти превземени од MQB платформата.

Засега VW нема намера да го продава овие возила надвор од овие пазар што се во развој. Слично беше и со Renault кога тргна продажбата на Dacia, па потоа почна да се нуди и во Централна и Западна Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK