Дали ова е новата Alfa Romeo Giulietta?

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сите очекуваа на годинешниот саем во Женева да биде претставена новата, втора генерација од моделот Giulietta, сепак Alfa Romeo претстави само редизајн верзија од овој модел.

Во меѓувреме на интернет се појавија неколку рендери за можниот изглед на новата генерација на овој модел, а последниот е доста популарен и се базира на концептот Tonale кој Alfa Romeo го претстави оваа година.

Неофицијално, новата генерација ќе дојде во 2022 година, ќе биде со должина од 4.400 мм и со меѓуоскино растојание од 2.700 мм. Со ова ќе се зголеми просторот за патниците, вклучувајќи го и багажниот простор кој ќе изнесува 400 литри.

Дополнително, покрај традиционалните бензински мотори, со новата генерација доаѓа и plug-in хибридната изведба.

Почетната цена се очекува да биде 24 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK