Skoda не застанува на Kodiaq: Најавени се уште три кросовери

ОБЈАВЕНО НА:

По Kodiaq нема да застане офанзивата на Skoda во СУВ сегментот, туку планирани се уште три нови модели. Потврдата за плановите на Skoda доаѓаат од Кина каде била направена презентација на идните планови на чешката компанија.
Најавени се уште три нови СУВ/кросовер модели. Ова е и очекувано со оглед на сѐ поголемата популарност на овој сегмент во вкупната продажба.

Нема информација дали истите модели е планирано да се понудат и во Европа, но штом истите се планирани во понудата во Кина, сигурно ќе ги има и кај нас.

Од направената презентација се дознава дека покрај Kodiaq наскоро ќе пристигне и Kodiaq Coupe, односно спортска верзија на моделот. Исто така планирани се и уште два дополнителни модели со ознаките К и Q. Еден од нив, Q се верува дека треба да биде всушност новото Yetti.

Ако се верува на овие пишувања и направени презентации, тогаш Skoda наскоро на пазарот треба да има четири кросовери/СУВ. Новиот Yetti според димензиите би требало да биде поголем, а промоцијата би можела да се очекува во втората половина на годинава, односно на саемот во Франкфурт. Моделот К веројатно би бил нов субкомпактен кросовер за што нема конкретни информации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK