Обвинителството упадна во Audi во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Германските обвинители денеска ги пребаруваа двете најголеми фабрики на Audi, како и останатите административни објекти како дел од истрагата за дизелгејт, кој сѐ уште ја потресува мајката Volkswagen Group. Притисокот сега е насочен кон луксузната девизија и нејзиниот прв човек Руперт Стадлер.
Volkswagen во септември 2015 година беше откриен дека најмалку 11 милиони негови возила, распространети низ светот, имаат инсталирано софтвер кој лажно прикажува пониски дизел емисии за време на контролни тестови.

Обвинителството за првпат ги опседна просториите на Audi, откако пред 18 месеци изби дизел скандалот, за да утврди кој сѐ е вмешан во злоупотребата на недозволениот софтвер во 80 илјади возила на Volkswagen, Audi и Porsche во САД.

Volkswagen ја призна визната и се согласи и да плати над една милијарда долари за да ги сервисира или откупи назад спорните возила, како дел од спогодбата со американското обвинителство тешка околу 17,5 милијарди долари.

„Овие истраги се со цел да утврдиме кој дозволил да се користи спорната технологија и да се дистрибуираат лажни податоци на трети странки“, изјавија од канцеларијата на Обвинителството во Минхен.

Истрагата коинцидираше со годишната прес-конференција на Audi, на која главниот извршен директор Стадлер информираше за приходите во 2016 година, признавајќи при тоа дека и покрај сите нивни напори крајот на скандалот сѐ уште не може да се насети.

Истрагата ја опфати дирекцијата на Volkswagen во Волфсбург, како и повеќе други објекти и двете фабрики на Audi, во кои се вработени околу 60.000 работници. Истрагата опфати и приватни имоти, а во постапката учествуваа околу 70 службеници од обвинителството.

Стадлер, кој е на чело на Audi од 2007 година, беше под силна критика поради нашинот на кој се однесувал кон скандалот, но на прес-конфренцијата изјави дека останува на позицијата со полна подршка од Групацијата, како и дека неговиот дом не бил пребаран од обвинителството.
Возилата кои се продавани на европските пазари не се дел од истрагата. Финансиските резултати за 2016 година, пак, покажуваат пад на оперативниот профит од 37 проценти на 3,1 милијарда евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK