Dacia со нов поекономичен мотор – Duster ќе троши 5,5 литри, другите 4,8 литри

ОБЈАВЕНО НА:

Во екот на глобалната криза, романскиот производител Dacia претстави нов, уште поекономичен мотор прилагоден и за бензин и за гас.

Станува збор за трицилиндарски мотор со турбополнач кој ја носи ознаката TCe 100 ECO G. Истиот овој мотор веќе е достапен кај моделите Duster, Sandero и Sandero Stepway, а наскоро ќе биде дел и од понудата на Logan.

Во однос на техничките карактеристики овој мотор располага со 170 Nm обртни моменти. Моделот Duster опремен со овој 1,0 литарски мотор има комбинирана потрошувачка од 5,5 литри на 100 километри додека останатите модели на Dacia 4,8 литри на исто толку километри.

Инаку цените на моделите опремени со овој мотор беа обелоденети уште во јануари годинава .Така во Франција, почетната цена на моделот Logan изнесува 10.960 евра додека за останатите модели цената е за речиси илјада евра помала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK