Lamborghini повлекува 5.900 суперавтомобили поради опасност од пожар

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител на автомобили Lamborghini повлекува илјадници „суперавтомобили“ вклучително и многу реткиот модел Veneno поради опасност од пожар.

– При одредени услови на возење, со полн резервоар, бензинот може да дојде во контакт со системот за издувни гасови, што може да го зголеми ризикот од пожар, се посочува во соопштението издадено од американската Национална управа за безбедност во сообраќајот.

Автомобилската компанија соопшти дека имаат информации дека се запалиле седум возила ширум светот.

Повлекувањето важи и за 12 продадени возила Veneno, чија цена варира од четири до 4,5 милиони долари. Ќе бидат повлечени и 5.900 автомобили Aventador, чија почетна цена е 400.000 долари.

Lamborghini е во сопственост на групацијата Volkswagen, неодамна објави рекордна глобална продажба за 2016 година, кога се продадени 3.457 автомобили. што е за седум проценти во според со 2015 година.

Сопствениците на возилата треба да ги однесат автомобилите во сервис, а поправката трае еден до два дена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK