Kia планира уште по три нови модели во 2017 и 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Годинава Kia претстави некои новитети, но уште вкупно шест ќе пристигнат во следниот период, односно до крајот на оваа и следната година. Сега е почната продажбата на ново Picanto и Rio, а набрзо ќе почне и продажбата на Stinger. Во втората половина на годинава ќе дојдат уште три други нови модели.

Според сегашните најави еден од тие новитети треба да биде малиот СУВ, Stonic, а потоа треба да бидат претставени и освежениот Sorento и новиот Cee`d. Тој би требало да биде промовиран на саемот во Франфурт.

Следната година можеме д аги очекуваме и новите генераци на Soul, потоа Forte sedan и Xcee`d, што ќе биде теренска верзија на моделот Cee`d. Покрај овие ќе бидат понудени и Nieo плаг-ин хибрид, Niro EV, a во текот на 2018 доаѓаат новиот Cee`d SW, Stonic Ev и новиот Soul EV.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK