Како Лондон се справува со загадувањето: Дополнителни такси за моторите што не се најмалку Еуро 4

ОБЈАВЕНО НА:

Во намерата да се одвратат граѓаните од намерата да возат стари возила што многу загадуваат, градоначалникот на Лондон претстави нова давачка за влегување во главниот град на В.Британија.

Таксата ќе ги опфати дизелските и бензински мотори што не се во согласност најмалку со Еуро 4 нормите. Секој што нема да има ваков мотор ќе мора да плати дополнителни 10 фунти за секое влегување во центарот на градот од 7 наутро до 18 часот попладне. Останува веќе вообичаената давачка од 11,50 фунти за влегување во центарот.

Се очекува најмалку 10.000 возила да бидат опфатени со новата давачка. Новата такса се воведува во време кога се навршуваат 14 години од првата ваква давачка воведена за влез во центарот.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан планира уште повеќе да го исчисти воздухот во градот со воведување на „зона на ултра ниска емисија“ веќе од следната година во централен Лондон и оние возила што нема да може да ги исполнат потребните прописи ќе мора да платат минимум 12,50 фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK