Овие мобилни телефони држат најмногу батерија – до 15,5 часа

ОБЈАВЕНО НА:

Последно спроведените тестови на батеријата ги откри најдобрите десет мобилни телефони за оваа година. Барем кога се работи за времетраењето на нивната издржливост.

Ако полнењето на батеријата страшно ве нервира тогаш најдобро е вашиот мобилен телефон да го смените со Moto G7 Power. Батеријата на овој мобилен телефон според тестовите ќе издржи 15:35 часа што е апсолутно најмногу.

На втората позиција со 34 минути помалку активно зборење ќе ве служи Asus ZenFone 6. Во топ 3 мобилни телефони со најиздржлива батерија е уште и Samsung Galaxy A20 со кој активно може да зборите 13 часа и 46 минути.

На следната позиција се наоѓа Huawei P30 Pro со 12 часа и 53 минути, а потоа следи ZTE Blade Max View со 12 часа и 48 минути.

Од шестата од десетата позиција се наоѓаат уште и Samsung Galaxy S10 Plus (12:35), Google Pixel 3a (11:59), Samsung Galaxy S20 Ultra (11:58), iPhone 11 Pro Max (11:54) и LG G8X ThinQ Dual Screen (11:46).

Се разбира сето ова е поврзано и со цената на телефонот, што не е земено предвид при тестирањето.