GM и Toyota бараат „полабав закон“ за автономните возила

ОБЈАВЕНО НА:

САД е местото каде најмногу се тестираат автономните возила, и речиси сите што имаат вакви прототипови тука ги вршат своите истражувања. General Motors и Toyota побараа законите да бидат „порелаксирани“.

Официјални лица од автомобилските компании денеска ќе разговараат дека секое одолговлекување во врска со тестирањата на автономните возила ќе резултира со смрт.

Во неодамнешната изјава на Мајк Абелсон, потпретседателот за глобална стратегија во GM се вели: “Без промени на тие прописи, може да поминат години пред денешните технолошки ветувања да може да се реализираат, и да спречат илјадници смртни случаи кои можеше да се избегна. Тоа е императив дека производителите имаат способност да ги тестираат овие возила во поголем број“.

Според сегашните прописи само 2.500 возила во период од 12 месеци може да бидат одобрени за тестирање од страна на National Highway Traffic Safety Administration, но се верува дека ќе биде отстрането тоа ограничување.

Покрај GM и Toyota во дискусијата за олабавување на законите ќе се вклучат и Volvo и Lyft.