Германија ќе ги конфискува премногу бучните мотоцикли

ОБЈАВЕНО НА:

Од страна на Бундестагот на Германија беше објавено дека сериозно се планира да се намали бројот на бучните мотоцикли, а оваа иницијатива за намалување на буката стартува наскоро. Од германскиот Бундестаг ја повикаа федералната влада да го ограничи нивото на бука на сите нови мотоцикли на максимум 80 децибели.

Федералниот совет исто така смета, дека се неопходни построги санкции против тјунирање на мотоцикли, ако тоа доведе до значително зголемување на бучавата.

Дизајнот за звук, преку кој звукот во позадина може да се регулира индивидуално за секоја машина, исто така ќе треба да биде забранет. Полициските службеници ќе имаат право да ги конфискуваат на лице место или насилно да ги транспортираат со камион веднаш во случај на сериозни нарушувања на барањата за бучава.

Ќе се преземаат мерки и за решавање на проблемот, поради кој „тркачите“ на патот често избегнуваат да бидат казнети бидејќи не можат да бидат идентификувани поради недостаток на регистарска табличка.

Како дополнување, претставниците на државата сметаат дека е неопходно да се донесат времени забрани за движење на моторни превозни средства во недела и официјални празници поради заштита од бучава. Мотоциклите со алтернативни погонски технологии ќе треба да бидат исклучени од ваквите барања.

Федералната влада ќе одлучи дали и кога ќе се спроведат новите мерки. Со нив вишиот орган на Федералната република се придржува внимателно кон барањата за иницијативата „Безшумен возач“, основана во 2019 година во која се обединија општините и здруженијата на мотоциклисти.