ИСТРАЖУВАЊЕ: Возачите се се поагресивни во сообраќајот

ОБЈАВЕНО НА:

Веројатно и вие честопати сте биле во ситуација на искоментирате „кој ти даде тебе возачка“, сметајќи дека однесувањето на возачите во сообраќајот е многу лошо. И со право сте реагирале така.

Ситуацијата на европските патишта се повеќе се карактеризира со агресија и насилничко однесување. Ова го потврдува најновото германско истражување на Институтот за истражување на сообраќајни незгоди (УДВ) за безбедност на германските патишта. Во споредба со претходните истражувања, сите негативни однесувања на патиштата се влошени.

Во тековната студија, околу половина од испитаниците изјавиле дека морале да „издуваат“ барем повремено кога се нервираат. Во 2016 година, оваа вредност беше двојно помала. Најмалку секој петти возач ја „расчистува“ лентата за престигнување на автопатот со „блендирање“ на долгите светла. И таа вредност во 2016 година исто така беше околу 50 отсто помала. Речиси една третина (31 процент) од возачите повремено нагазуваат на педалата за гас додека другите автомобили ги претекнуваат, што е особено загрижувачко.

Шефот на УДВ, Зигфрид Брокман, беше многу груб на презентацијата на студијата во Берлин. „Целосно е неприфатливо да се прифати повреда или дури и смрт на други од гнев или заради сопствена корист. Сите одговорни сега мора да се консултираат и да сфатат како може да се подобри ситуацијата“, рече Брокман.

Истражувањето покажа дека 96 отсто од сите возачи веруваат дека ги претекнуваат или ги заобиколуваат велосипедистите на доволно растојание, но истовремено 93 отсто од другите возачи веруваат дека оние пред нив ги претекнуваат велосипедистите премногу блиску. Дури и самите велосипедисти не се многу подисциплинирани: речиси половина признаваат дека повремено се свртуваат на тротоар, но ваквото однесување го забележуваат кај 92 отсто од другите велосипедисти.

Позитивни трендови покажуваат и натамошните резултати од студијата, која се спроведува во редовни интервали од 2010 година. Повеќето учесници во сообраќајот во Германија се чувствуваат безбедно или многу безбедно во сообраќајот на патиштата.
Вредноста незначително се зголеми од 55 проценти во 2019 година на 56 проценти. Генерално, мажите (64 проценти) се чувствуваат значително побезбедни од жените (49 проценти). Затоа, не е изненадувачки што жените имаат значително поголема веројатност да гласаат за построги мерки за унапредување на безбедноста на патиштата.

Кога станува збор за самите мерки, нула на илјада алкохол во крвта е најпопуларна побарувачка со 68 отсто Дури 53 отсто од анкетираните бараат да се воведе ограничување од 130 километри на час на автопатите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK