Fiat Chrysler на тапет во Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанско-американскиот производител Fiat Chrysler признал дека во Америка и во други земји против негов се води истрага за можни кршења на стандардите поврзани во врска со издувните гасови кај дизелските мотори што се вградуваат во нивните автомобили.

Американската агенција за еколошка заштита и Одбор за воздушни ресурси во калифорнија во јануари соопштија дека Fiat Chrysler при предавањето на барањето за дозвола за продажба не пријавиле одредена стратегија за контрола на штетните гасови.

Според податоците од извештаите за работењето на компанијата, спорни се околу 104.000 возила. Меѓу спорните возила се моделите Jeep Cherokee и dodge Ram произведени во 2014, 2015 и 2016 година со трилитарски мотори склопени и продадени во Америка.

Компанијата веќе соработува со власите во Холандија, Италија и Германија а очекува покана и од државните обвинители во Франција

Следете не и на:

24AUTO NETWORK