Ferrari ги менува плановите – се развива кросовер што ќе чини 300.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот човек на Ferrari, Серџо Маркионе во минатото има изјавено дека компанијата никогаш нема да прави кросовер возило, но според пишувањето на магазинот Car, плановите на Италијаните веројатно се смениле. Магазинот пишува дека производителот на спортски возила активно работи на кросовер и неговото кодно име е F16X.

Дизајниран е да биде ривал на Aston Martin DB и на Lamborghini Ursus. Кросоверот ќе потсетува на „купе со високи перформанси“ што се вклопува со знакот и стилот на Ferrari. Се шпекулира дека моделот нема да има традиционален Б столб.

Кросоверот, според пишувањето се развива заедно со наследникот на GTC4, што би требало да се појави на пазарот во 2020 година. Кросоверот се очекува да биде понуден една година подоцна, и ќе биде поставен на алуминиумска платформа.

Нормално е спецификациите да се тајна, а се навестува дека во моделот ќе има V8 мотор или хибриден погон. Погонот на сите тркала ќе биде стандард и системот ќе биде превземен од наследникот на GTC4.

Ако се верува на инсајдерските информации, тогаш овој кросовер ќе чини повеќе од 300.000 евра, а со него Ferrari ќе го дуплира вкупното производство на 16.000 возила годишно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK