Најголемиот производител на нафта во светот не е арапска земја

ОБЈАВЕНО НА:

САД е најголемиот производител на нафта, покажуваат официјалните податоци на администрацијата за енергетика на САД. Оваа земја на дневно ниво произведува 15.043.000 барели што е убедливо најмногу.

Од 80.622.000 барели дневно, Саудиска Арабија произведува 12 милиони што е втора земја според производството на нафта. на третата позиција се наоѓа Русија со 10,8 милиони барели. Во топ 5 земји производители на нафта се наоѓаат уште и Ирак и Иран.

Од шесттата до десеттата позиција со производство од 2,5 до 3,9 милиони барели дневно се рангирани: Кина, Канада, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Бразил.

Според производството по глава на жител односно милион жители, топ 5 производители на нафта се: Кувајт, ОАЕ, Саудиска Арабија, Норвешка и Брунеј.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK