ЕУ со нов предлог: Повеќе загадување – повеќе патарина за плаќање

ОБЈАВЕНО НА:

Европската комисија ќе препорача автомобилите, камионите, автобусите и комбињата да плаќаат повисоки патарини ако емитуваат поголемо ЦО2, потврдуваат официјални лица од ЕУ.

Предлогот се уште не е докрај финализиран, и за првпат покажува еден заеднички став на ЕП за патарините за автомобили, вклучувајќи ги и мотоциклистите кои ќе мора да плаќаат според изминатите километри.

Ќе се задржи просечното ниво на цена на патарините што и досега се плаќа, но доколку има зголемено загадување ќе се плаќа и поголема патарина. Тешките возила (ХДВ) сочинуваат мал дел од сообраќајот на патиштата, но се одговорни за третина од емисијата на ЦО2 во сообраќајниот промен во ЕУ.

Асоцијацијата на европските автомобилски производители подржуваат вакв адиференцијација при плаќањето на патарините според ЦО2, се додека тоа ќе протежира ниска емисија и тоа во реални услови на користење и ќе овозможи фер конкуренција меѓу различните возила.

Разликување на износот што камионите мора да плаќаат во согласност со нивните емисии на ЦО2 треба да го направи превозот поефикасен, да се зголеми цената на возење по км. и може да ги поттикне сопствениците на обновување на флотите возила.
Во моментов, во ЕУ има правна рамка за регулирање на наплата кај камионите, но патарините за приватни возила се оставени на националните влади.

Предлогот нема да ги примора земјите да воведат наплата на патарини според шеми за автомобили или камиони, но ќе се утврдат правила секоја таква шема да мора да се почитува и се што треба да се воведе. Патарините се честопати чувствителни политички прашања, а потегот на ЕУ за да постави правила за наплата најверојатно ќе се соочи со противење од страна на возачите и владите.

Веројатно принципот на вињети ќе треба да се замени со некој поефикасен начин на наплата. Предлогот на ЕУ се очекува да биде објавен на 31 мај, по што ќе треба да се одобри од Европскиот парламане и неговите држави членки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK