Ден пред премиерата – објавени фотките на новиот BMW M5

ОБЈАВЕНО НА:

Само еден ден пред официјалната премира на новиот BMW M5 се појавија и официјалните фотографии на новиот модел. И како што се очекуваше, нема некој дизајнерски изненадувања.

BMW пред неколку месеци го покажа маскираниот прототип. Напред, автомобилот има црна решетка на бубрезите со хромирана рамка и задебелен нов браник со зголемени доводи за воздух. На другата страна, овој M5 има црни и сребрени тркала над златни кочница на сопирачките, додека на задниот дел доминираат четирите издувни цевки, црниот заден дифузор и суптилниот спојлер на задниот дел на капакот на багажникот.

Сега нема некои детали за погонските агрегати, но она што се знае е дека M5 ќе им атвин турбо од 4.4 литри V8 мотор што ќе произведува околу 592 КС, и 700 Нм, вртежен момент. Моторот ќе биде заедно со осум степен M Steptronic менувач што ќе ја испорачува силата на сите тркала. Како резултат на ова забрзувањето до 100 км/ч. ќе биде за помалку од 3,5 секунди.

Слично како и кај некој ривали, и системот за пренос на силата на сите тркала може да се исклучи, и силата да се пренесува само на задните тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK