Citigo ќе биде првото електрично возило на Skoda

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Шангај, чешка Skoda го претстави нивниот Vision E electric concept, но тоа нема да биде првото електрично возило на компанијата. Веројатно тој примат ќе му припадне на малиот Citigo кој ќе добие електрично срце.

Според новинарите на Auto Express кои зборувале со член на одделот за технички развој за време на саемот. Тој потврдил дека Vision E ќе биде електрично возило, но не и дека тоа ќе биде прво продукцико возило.

„Рековме дека Vison E е нашиот прв автомобил на MEB. И рековме дека тоа ќе биде наше прво електрично возило. Но, не и дека тоа е нашиот прв продукциски модел, изјави Кристијан Струбе.

Сестринскиот модел на Citigo, моделот Volkswagen Up! веќе се нуди како електричен модел. Наскоро и Seat ќе понуди електрична верзија на моделот Mii, па има логика и Citigo да биде електричен автомобил.

Skoda потврди дека плаг-ин хибидната верзија на Superb доаѓа во 2019 година, а веројатно брзо наскоро потоа и Citigo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK